Pretty Woman „се сели“ во Бродвеј и официјално станува мјузикл
Омилената романтична комедија од ’90-ите официјално ќе стане дел од Бродвеј.
Легендарниот филм во кој оригинално глумеа Џулија Робертс и Ричард Гир ќе се претвори во мјузикл со креативен тим вклучувајќи го и Брајан Адамс.
Во мјузиклот главните улоги ќе бидат Саманта Баркс, која е позната по улогата во филмот Les Miserables и добитникот на Тони награда, Стив Казе.
Сценариото на мјузклот ќе ја следи приказната на филмот - Стив ќе биде сингл успешен бизнисмен во потрага по привремена сопруга, а Саманта ќе има улога на проститутка која тој ќе ја ангажира и потоа ќе се заљуби во неа.
Режисерот на филмот, Гери Маршал, кој почина минатата година не успеа да го види реализирањето на овој проект, но зборувал за тоа колку е возбуден за проектот уште пред 3 години.
Во пролет 2018-та, мјузиклот ќе ја има првата проба во театарот Oriental во Чикаго, пред да се префрли во Бродвеј есента 2018-та.
Го замислувате ли легендарниот филм како мјузикл во кои глумат сосема други актери?
М. М. | Црнобело