Oдлични филмови идеални за септемвриските ноќи
Конечно септември, а она што најмногу го сакаме во овој месец се ноќите кога малку заладува, но не е премногу студено.
Идеални се за филмски маратонски вечери, а овој пат ви препорачуваме 10 филмови од различни жанрови.
Веруваме дека секој гледач ќе пронајде нешто по свој вкус и со омилените грицки и одбраниот филм ќе ѝ посака топло добре дојде на есента:
Хорор - Don’t Breathe
Со цел да избегаат по грабежот на една банка, тројцата крадци завршуваат во куќата на еден слеп човек, кој сепак се покажува дека е многу поспособен и поопасен отколку шт мискат натрапниците.
Авантура - The Jungle Book
Добро познатата приказна за Могли, Багира, Балу и Шир-Кан и нивната авантура во џунглата. Уживање за целото семејство.
Акција - Jason Bourne
Мет Дејмон повторно се враќа во улогата на Џејсон Борн, еден од најопасните тајни агенти на ЦИА, кој открива уште многу заборавени работи од неговото минато.
Воен филм - Alied
Двајца тајно агенти, Втора Светска Војна, заговор против следбениците на Хитлер... дали љубовта ќе го издржи тестот на опасното воено време?
Трилер - Nocturnal Animals
Животот на Сузан се менува откако ќе ја добие последната напишана книга од нејзиниот поранешен сопруг. Во неа ќе се препознае себеси, а сите нејзини стравови ќе започнат да се остваруваат. Сузан се опседнува со ракописот и полека почнува да го губи разумот...