5 нови комедии кои ќе ве насмеат до солзи
Понекогаш сè што ни треба за добра релаксација е да го пуштиме мозокот на пасење и добро да се изнасмееме. Смеењето е половина здравје.
Заслуживте да се опуштите, а за одлична филмска вечер исполнета со многу комични елементи и насмевки ви ги препорачуваме овие 5 нови филмови кои со сигурност нема да ве разочараат:
How to Be a Latin Lover
Максимо не работел ниту еден ден во неговиот живот. Тој се вади на својот добар изглед и шарм и заведува многу постари жени кои му плаќаат и купуваат сè што ќе посака. Тој во принцип е машки спонзорџија, а откако неговата многу постара сопруга ќе го изневери после 25 години брак, завршува на улица без пари и без дом.
Snatched
Откако нејзиниот дечко ќе ја откачи непосредно пред егзотичниот одмор, Емили ќе ја замоли мајка ѝ да ја придружува на патувањето во Еквадор. Двете жени ќе бидат киднапирани во опасните делови на Колумбија.
Going in Style
Тројца стари пријатели ќе бидат измамени од страна на компанијата во која го поминале целиот свој работен век. Откако ќе се соочат со вистината дека немаат никакви пензии, решаваат да ограбат банка.
Table 19
Елоиз која треба да биде деверуша кај нејзината најдобра другарка ја раскинува врската со братот на невестата, кој патем е кумот на свадбата. Сепак, таа не се откажува од присуството на забавата и завршува на масата бр. 19 со сите несакани распар гости.
Fist Fight
Еден професор го предизвикува другиот на тепачка после завршувањето на часовите на училишниот паркинг. Целото училиште започнува да се интересира за физичката пресметка.
(О)Милена | Црнобело