Актери кои биле малку платени за одлични улоги
Дастин Хофман - The Graduate
Овој филм, до ден денес се смет за еден од најуспешните филмови. Како и да е, Дастин Хофман не го почувствува многу тој успех, бидејќи го исплатиле само 17.000 долари.
Но, оваа улога му помогна во кариерата и потоа за глумата во Papillon (1973) актерот зема 1.25 милиони долари.
односно 14.510 евра
Џенифер Лоренс - Winter’s Bone
За нејзината улога во оваа драма актерката зема само 3000 долари. Сепак, нејзината глума беше многу ценета од критичарите и таа доби номинација за Оскар.
Нејзината кариера тргна во нагорна линија и со секоја улога добиваше по уште некоја цифра плус на сметката. На пример, за работата во Passengers (2016), Лоренс доби 20 милиони долари.
односно 2.560 евра
Харисон Форд - Star Wars: Episode IV — A New Hope
Според гласините, Харисон Форд првично ја одбил понудата за улога во овој филм, бидејќи неделната исплата била асмо 1.000 долари. На крајот секако ја прифатил и заработил вкупно 10.000 долари.
Но, со текот на времето неговата заработка растела значително. На пример за глумата во Star Wars: Episode VI — Return of the Jedi (1983) добил 500.000 долари, а за Star Wars: Episode VII — The Force Awakens (2015) земал дури 25 милиони долари.
односно 8.534 евра
Џим Кери - Yes Man
Холивудскиот актер ги изненадил колегите кога прифатил да глуми во оваа комедија без воопшто да биде платен на почетокот. Наместо директна исплата, тој побарал 36.7% од приходите на „box office“.
За среќа, филмот беше многу успешен и му донесе на актерот 35 милиони долари.
М. М. | Црнобело