5 серии за успешни и моќни жени кои треба да ги гледате
Кога надвор е пеколно топло, затворете се дома и изгледајте некоја интересна серија. Особено ако не успеете да отидете на одмор, гледањето серии е една од алтернативите да не ви биде здодевно додека сте дома.
Ако ви треба инспирација за да почнете свој бизнис или пак, сакате да се мотивирате да бидете посилни и поуспешни, ова се сериите кои на маестрален начин ја прикажуваат моќта на жените:
„Шефица“ (Girlboss)
Следете ја приказната на Софија која одлучува да го следи својот сон и да стане успешна бизнис-жена. Серијата е снимена според истоимената книга на Софија Аморусо.
„Круна“ (The Crown)
Серија за животот на кралицата Елизабета II во која освен интересното сценарио, има и одлична костимографија, а претставува најскапата серија на Нетфликс досега.
„Развод“ (Divorce)
Франсис (Сара Џесика Паркер) е во процес на развод од својот долгогодишен сопруг со кој има две деца и во еден момент одлучува да ја смени професијата. Серија која реално ги покажува машко-женските односи во и по бракот.
„Да се биде Мери Џејн“ (Being Mary Jane)
Згодната Гебриел Јунион ја толкува главната улога, новинарката Мери Џејн – модерна сингл жена посветена на кариерата. Но, што кога кариерата не е веќе доволна за среќа?
„Добра жена“ (The Good Wife)
Серија која започна да се прикажува во 2009, а заврши минатата година. Но, тоа не е причина да не почнете да ја гледате. Има 7 одлични сезони во кои ќе научите многу за светот на жените – кариера, семејство, мода и сè останато.
М. В. | Црнобело