7 брилијантни комичари кои знаат да одглумат и во драма
Кога ќе ги слушнеме имињата на одредени актери, веднаш добиваме идеја за тоа во какви филмови најчесто глумат и какви ликови претставуваат.
Така, некои актери многу добро ги познаваме како комичари кои без грешка успеваат да нè насмеат.
Но, истите тие комичари знаат да излезат надвор „од својата кожа“ и да земат некоја драматична улога.
Пример:
1. Адам Сендлер
Глуми во филмови како „That's My Boy“, а се појави во „Reign Over Me“.
2. Џим Кери
Глуми во филмови како „Dumb and Dumber“, а одглуми сериозна улога во „The Majestic“.
3. Бил Мари
Најчесто глуми во филмови како „Groundhog Day“, а се појави во драмата на Софија Копола, „Lost in Translation“.
4. Бен Стилер
Обично глуми во филмови како „Zoolander“, а се појави во „Permanent Midnight“.
5. Саша Барон Коен
Обично глуми во најсмешните филмови кои можете да ги видите, како во „The Dictator“, а се појавува и во „Les Misérables“.
6. Зак Браф
Глуми во серијата „Scrubs“, а се појави во „The High Cost of Living“.
7. Еди Марфи
Глуми во филмови како „The Nutty Professor“, а одглуми сериозна улога во „Dreamgirls“.
Н. Г. | Црнобело