12 актерки кои ја одиграле својата најдобра улога во текот на бременоста
Понекогаш снимањата на филмовите знаат да траат и предолго.
Актерките во одредени сцени се заменуваат со дублери, но понекогаш режисерите им поставуваат вистински предизвик - да ја сокријат сопствената бременост.
Следниве 12 актерки ќе ги паметиме по нивните незаборавни улоги, иако не сме знаеле за состојбата во која се наоѓале.
1. Лина Хиди – "The Game of Thrones"
За време на снимањето на последната петта сезона, беше во петтиот месец од бременоста. За сцената во која таа оди гола од затворот до кралската палата е искористен дублер, без притоа гледачите да го забележат тоа.
2. Блејк Лајвли - "The Age of ADALINE" and "Otmel"
Блејк иако беше бремена, учествуваше во ризични акробации во филмот "Otmel". Само за време на последните две недели од снимањето на овој филм се појавува дублерка на нејзиното место. Но, при снимањето на филмот "The Age of ADALINE" актерката ги издржува снимањата до самиот крај.
3. Кејт Винслет - "Divergent"
За време на снимањето таа е веќе 5 месеци бремена. Одредени сцени од филмот се снимени по нејзиното породување.
4. Сара Џесика Паркер - "Sex and the City"
Актерката дознала за нејзината бременост во првите денови на снимањето на 5-тата сезона. Стилистите од серијата направиле се што е можно, така што публиката не ја забележала интересната состојба на Сара.
5. Хелена Бонам Картер - "Sweeney Todd"
Промената не беше забележлива бидејќи поголемиот дел од филмот е снимен во нејзината рана бременост, а во подоцнежните сцени таа користи корсет. Единствено што не може да се сокрие е зголемувањето на нејзините гради.
6. Дру Баримор - "Mixed"
Актерката дознала за нејзината бременост неколку дена по потпишувањето на договорот за учество во филмот. Гардероберите имале клучна улога за овој детаљ да биде незабележлив за гледачите.
7. Скарлет Јохансон - "The Avengers: The Age of the Altron"
Поради бременоста актерката најпрво ги снима сцените каде глуми црна вдовица. Во подоцнежните сцени е заменета со дублерка.
8. Анџелина Џоли - "Changeling"
Снимањата за овој филм биле исклучително исцрпувачки за Џоли, која морала да сочувствува со ликот на мајка која во филмот го губи својот син. Неколку месеци подоцна таа станува мајка на близнаци.
9. Рис Витерспун - "Fair of Vanity"
Најдобриот начин за да се скрие оваа состојба на Рис, биле заоблените фустани во темни бои и високиот струк. Актерката при снимањето се наоѓа во петттиот месец од бременоста.
10. Кортни Кокс - "Friends"
Последната сезона од серијата е снимена додека таа се наоѓа во петтиот месец од бременоста. И покрај оваа состојба со широката облека е спречено да дојде до израз нејзината состојба.
11. Емили Блант - "Girl on the train" и "The farther into the forest ..."
Емили дознава за бременоста на почетокот на снимањето на филмот "Girl on the train", и одлучува да ја задржи веста во тајност. Интересно е дека во двата филама таа глуми карактери кои очајно посакуваат да имаат деца, но не можат.
12. Џенуари Џонс - "Mad Men"
Во петтата сезона од филмот актерката ја зголемува својата тежина поради бременоста. Ова додало дополнителни компликации при снимањето, поради се почестите корекции на нејзината шминка и облека.
М. С. | Црнобело