Нова теорија за клетвата врз принцот во „Убавицата и Ѕверот”
Откако делото на Дизни ја обнови својата слава, многу фанови почнаа да имаат прашања за тоа како никој во филмот не старее иако се знае дека клетвата веќе трае со години. Малиот Чип што живее во филџанче останува да биде мал и откако клетвата ќе престане.
Сите селани имаат заборавено дека принцот и сите негови слуги некогаш постоеле, но откако ќе престане клетвата сите тие остануваат на истата возраст како што биле порано. Така и се роди оваа нова теорија која објаснува како функционира магијата фрлена врз сите ликови.
Всушност, нова теорија кажува дека целото село е под магија која ги тера да живеат во временска јамка. Така селаните секој ден ги прават истите работи: пекарот го пече истото лепче, секое утро започнува на ист начин и господин Жан секое утре се чувствува како да заборавил нешто, како што вели Бела во песната.
Само таа и нејзиниот татко не се опфатени во магијата и затоа и сите селани мислат дека тие се чудни и различни. Сите велат дека Бела е деконцентрирана затоа што се што таа прави не се согласува со нивната секојдневна рутина.
Дизни можеби и не планирале на почеток магијата да има вакво значење, но мора да признаете дека теоријата перфектно одговара.
А. В. | Црнобело