Поминаа 20 години од „Selena“: Кога Џеј Ло глумеше во квалитетни филмови
Дали сте имале можност некогаш да го погледнете филмот „Selena“ на Џенифер Лопез? Во него, Џеј Ло се трансформира во брилијантен лик, а танцувајќи и пеејќи, јасно можете да видите дека улогата ја глуми со задоволство.
Филмот беше објавен пред 20 години, а денес за многумина претставува култен филм кој го прераскажува краткиот живот на Селена Кинтаниља , американско - мексиканската пејачка која е убиена од нејзиниот менаџер во 1995-тата година на само 23 години.
https://www.youtube.com/watch?v=hWEGYGhpK6c
Откако го гледате овој филм едноставно не можете, а да не бидете маѓепсани од актерските способности на Лопез која успешно доловува помалку познат лик за нашето поднебје.
Денес, Џеј Ло ја знаеме како пејачка со хитови како „Waiting for Tonight“ и „Love Don't Cost a Thing“, 75 милиони албуми распродадени ширум светот и судија на Американскиот идол.
Но, ретко кој ја памети нејзината актерска кариера.
Всушност, таа беше актерка, пред да стане пејачка.
Во филмската индустрија, првпат се појавува во филмот „In Living Color“, а потоа го привлече вниманието на повеќе американски режисери меѓу кои, Френсис Копола (глумеше во неговиот филм „Jack“), Боб Рафелсон („Blood and Wine“) и Оливер Стоун („U Turn“).
Потоа доаѓа „Selena“. Ова беше нејзината прва главна улога, а за истата освои и номинација за Златен глобус за Најдобра актерка во мјузикл.
Но, тука како да завршува нејзината филмска кариера. После „Selena“ се појавува во филмови, но истите се далеку од квалитетни.
Во секој случај, да се потсетиме на „Selena“ и да изјавиме желба дека повторно би сакале да ја видиме во поквалитетен филм. Како што вели филмскиот критичар Дејвид Томсон: „Џеј Ло е шпанска актерка која никогаш не била сфатена сериозно во Холивуд, а треба.“.
Н. Г. | Црнобело