10 разлики заради кои филмот „Малата сирена“ нема да биде како цртаниот
Пред извесен период имавме можност да го погледнеме првиот официјален трејлер за „Малата сирена“ и да бидеме реални, очекувањата некако како да не ни беа исполнети.
Многу работи изгледаат далеку поразлични од анимираниот филм на Дизни.
На пример:
1. Како прво, Ширли Меклејн се појавува во филмот како раскажувач.
2. Приказната започнува на копно, не во вода. Филмот од 2017-та, за разлика од цртанот, се чини дека најголемиот дел ќе се одвива на копно.
3. Нема принц по име Ерик. Како деца, сите бевме заљубени во убавиот принц Ерик, ама во новиот филм нема да има принц, туку новинар по име Кем.
4. Нема Урсула. Вештерката која наликува на октопод нема да имаме можност да ја видиме во филмот.
5. Мало девојче е во центарот на случувањата. Наместо сирената, се чини дека сосема друг лик ќе биде главен во приказната.
6. Сирената нема црвена коса, туку кафеава.
7. Наместо гласот, Ариел губи нешто многу потрогателно - нејзината душа. Кем открива дека таа може да избега и да се врати во вода само, ако успее и да си ја врати душата, инаку ќе умре.
8. Нема човечки предмети со смешни имиња. Сите ние добро се сеќаваме дека во цртанот Ариел собира човечки предмети и така го запознава светот, но во филмот сирената повеќе ќе се концентрира на тоа како да си ја врати душата.
9. Нема Флаундер и нема Себастијан. Во филмот нема да се запознаеме со смешните риба и рак кои секогаш беа покрај Ариел во цртанот.
10. Наместо да посакува да стане човек, сирената сака да си ја добие назад слободата.
Н. Г. | Црнобело