30 години по објавувањето на „Dirty Dancing“ - Да се потсетиме на најкултната сцена
Оваа година поминуваат 30 години откако првпат имавме можност да го гледаме култниот филм „Dirty Dancing“ во кој Патрик Свејзи и Џенифер Греј ги одиграа незаборавните улоги на Џони и Бејби.
Џенифер Греј неодамна откри дека според неа најубавата сцена која ја доживеала при снимањето била онаа каде тие танцуваат во студеното езеро, поточно кога таа скока врз Свејзи.
„Водата беше неописливо студена, па навистина мора да бидеш млад и амбициозен за толку време да поминеш во ладната вода. А, не само студената вода, туку проблем беше и повреденото колено на Патрик, па му беше тешко да ме држи. Моравме од прва да ја снимиме сцената, за да не мораме да ја повторуваме.“ - се присетува Џенифер.
Покрај тоа, открива дека и последната точка не се одвивала по план, бидејќи подот бил свежо обоен па чевлите цело време им се лепеле.
Во секој случај, да се потсетиме на најдобрата сцена од овој филм:
Н. Г. | Црнобело