Швајцарскиот филм „Скиците на Лу“, со Дашмир Рустеми во главната улога, премиерно во Македонија
Швајцарскиот филм „Скиците на Лу“, во режија на швајцарската режисерка Лиза Балтер, со Лилиан Амуат и Албанскиот актер од Косово, Дашмир Рустеми во главните улоги, премиерно ќе биде прикажан во Петок, 2 февруари, во Кинотека на Македонија во Скопје, со почеток од 18 часот. Премиерата ќе се одржи истовремено во Скопје, Тирана и Приштина.
Филмот претставува нежна и суптилна приказна за генерацијата која се плаши од љубов. Лу и Аро не сакаат да прифатат дека се поврзани повеќе отколку што се спремни да си признаат, барајќи ја слободата која ја негира нивната потреба од создавање семејство
Филмот беше во селекција на минатогодишниот Филмски Фестивал во Цирих...
Една од двете главни улоги во филмот ја толкува Албанскиот актер од Косово, Дашмир Рустеми, на кого ова му втора позначајна улога во швајцарски филмови. Филмот ќе се прикажува истовремено титлуван на македонски и албански јазик.
Дистрибутер на филмот е Гејзер од Скопје.