Ако Џејмс Бонд беше серија, ќе беше „Ноќен менаџер“

Колку подлабоко одиш толку помрачно станува...

ako-james-bond-bese-serija-ke-bese-noken-menadzer-1.jpg

Ова не е обична приказна за незаконската трговија со оружје. Ова исто така не е ни обична приказна за љубовта. А не е ни обична серија за добрите и лошите страни на човечката природа. „Ноќен менаџер“ е необично добар спој на споменатото, со британските актерски сили кои моментално прават растур на телевизиските и филмските простори.

Серијата е создадена според истоимениот шпионски роман од писателот Џон ле Кар и претставува мрачна драмска серија во шест дела. „Ноќен менаџер“ ја носи приказната за поранешниот британски војник Џонатан Пајн (Том Хидлстон), кој нашол нова кариера како ноќен менаџер во еден мирен и луксузен хотел.

Во фокусот на драмава е незаконската продажба на оружје. Тоа се случувало во 90-тите, се случува и денес, па оваа серија носи уште поголема сериозност и навистина го истакнува она што е во основата на повеќето денешни конфликти, истакна Хидлстон.

По едно убиство во еден хотел, неговиот живот повторно се враќа среде сето она од што бегал – наскоро му пристапува агентката на МИ6, Анџела Бур (Оливија Колман), која сака да го инфилтрира меѓу редовите на таинствениот криминалец и дилер со оружје Ричард Ропер (Хју Лори) за кого се сомнева дека е виновен за хотелското убиство, но и за многу терористички акции во кои се изгубени многу животи.


БРИТАНСКИ ШАРМ И УРАМНОТЕЖЕНИ УЛОГИ

Улогата на интелигентниот и шармантен негативец Ричард Ропер ја презеде Хју Лори, лице кое не треба посебно да се претставува благодарејќи на светскиот успех и серијата „Д-р Хаус“. Новина секако претставува Том Хидлстон, кому ова му е една од ретките улоги на телевизиските екрани, а во која толку добро се снајде што со излегувањето на серијата се раширија гласови дека серијата всушност е голема кампања за влегувањето на Хидлстон во светот на Џејмс Бонд. Со овие две поларизирани улоги, во „Ноќен менаџер“ се придружија и Оливија Колман („Broadchurch“), Том Холандер („Пирати од карибите“, „Операција Валкири“, „Невозможна мисија 5“) и Елизабет Дебики, која за улогата во „Големиот Гетсби“ доби награда за најдобра споредна актерка.

Продуцентите, вклучително и Лори и Хидлстон, особено внимание му посветија на бројот на машките и женските улоги во филмот. Оливија Колман, која игра оперативка на МИ6, во книгата всушност е маж, но за потребите на серијата нејзиниот лик го претвориле во силна, интелигентна и снаодлива жена која, и покрај бременоста, успева да води олку голема операција и да држи сѐ под своја контрола. Ликот што е двигател на сите емоционални изблици секако е Елизабет Дебики, прекрасната, интригантна и заводлива жена на Роперт, неправедно заробена во светот на криминалот, а сѐ само за да може финансиски да му помогне на своето семејство.

Се обидувавме да ја редефинираме женската улога во драмата – има многу актерки кои се способни да играат девојки од типот „џејмс бонд“, но длабоко во срцата сите знаеме дека жените се комплексни, прекрасни и повеќеслојни суштества и дека не е сѐ во нивниот изглед, што совршено ја докажува улогата што ја толкува Оливија Колман, коментираше Дебики.

ako-james-bond-bese-serija-ke-bese-noken-menadzer-2.jpg

ШТО САКА ХЈУ ЛОРИ, ТОА И ОСТВАРУВА

„Ноќен менаџер“ е серија која му помогна на Хју Лори да добие ѕвезда во Патеката на славните во 2016 година, но приказната зад тоа е уште посимпатична. Имено, токму Лори во 90-тите годни во раце го зел романот според кој е направено сценариото на серијата и веднаш почнал да заговара негова екранизација. Една од големите продуцентски куќи го претркала Лори во идејата и прва ги откупила правата за снимање на филмот кој никогаш не се снимил. Во 2008 година правата за екранизација се вратиле во рацете на синовите на писателот, кои наскоро почнале да ја развиваат идејата за поставувањето на „Ноќен менаџер“ на ТВ-екраните. Лори, за среќа, дознал за плановите, па влегол во серијата како главен и извршен продуцент. Сѐ друго, како што се вели, сега е историја...

Вистината е дека на почетокот сакав да го играм Џонатан Пајн, младиот поранешен војник што го спасува светот и е добар лик. Сепак, со годините, минав низ секакви улоги, така што улогата на главниот негативец Ричард Роперт секако ми легна на срцето, коментираше Хју Лори. Впрочем, сега не можам да замислам некој друг во улогата на Пајн освен Том Хидлстон, уште во првите половина час од снимањето се уверив во неговиот незаменлив талент и шарм!

„Ноќен менаџер“ во 2016 година освои 37 номинации, а меѓу нив се и две освоени награди „Еми“ за режија и музика. Со оглед на претстојната сезона за доделување на наградите, не пропуштајте ја шансата да бидете во тек со трендовите – активирајте го Pickbox и гледајте ја оваа серија за која сигурно ќе раскажувате во 2017 година! гледајте ги на Pickbox и во склоп на Pickbox во видеотеката на Max tv.

Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg