10 историски филмови кои ќе ви ги отворат очите и умот
King Arthur (2004)
Приказната за Кралот Артур и витезите од Тркалезната маса од малку поинаков агол, со Клајв Овен и Кира Најтли во главните улоги. Целосен пакет кој нуди драма, акција и авантура.
Lincoln (2012)
Маестралниот Даниел Деј Луис се појавува во улогата на еден од најомилените американски претседатели на сите времиња, Абрахам Линколн. Приказната ја следи Граѓанската војна, односно борбата на теренот, како и со непријателите во кабинетот во врска со неговата одлука за одлободување на робовите.
Malcolm X (1992)
Постар, но одличен автобиографски филм кој го следи животот на контроверзниот и влијателен водач, активист и борец за правата на црнците во Америка. Филмот започнува со спомените од раното детство, хронолошки следејќи го неговиот развој, односно подемите и падовите низ годините.
The Flowers of War (2011)
Прекрасна кинеско-американска историска драма, преплетена со романтика и возбуда.
Откако група жени ќе го засолни Американецот Џон Милер (Кристијан Бејл) за време на масакрот во Нанкинг во 1937 година, тој се обидува да ги спаси жените и да ги однесе на сигурно, преправајќи се дека е свештеник.
The King's Speech (2010)
Спектакуларно филмско остварување кое ја следи вистинската приказна за Кралот на Велика Британија и Северна Ирска, Џорџ VI и неговиот проблем со пелтечењето.
Откако ќе почувствува несигурност и срам поради проблемот со зборувањето во јавност, тој ќе побара помош од логопед, кој ќе му помогне да ги надмине сите несигурности, правејќи го достоен за тронот.
(О)Милена | Црнобело