10 историски филмови кои ќе ви ги отворат очите и умот
Доколку сакате да погледнете добар филм кој ќе ви го поттикне умот на размислување, филм за кој ќе може да започнете дискусија и долго ќе ве остави во прашалници и без сон, време е за жанрот историска драма.
Зарем има подобри приказни од оние вистинските? Тие предизвикуваат солзи и емоции кои ги чувате длабоко во себе, инспирирајќи ве со филмската содржина.
Овие 10 филмови се совршен погодок, одлични сценарија со уште подобри глумци во главните улоги, проткаени со неверојатна музика:
Agora (2009)
Историска драма чие дејствие се одвива во Египет во време на римското владеење. Во центарот на вниманието е Хипатија Александриска, антички филозоф, математичар и научник, која се смета за првата жена со големи заслуги во области како физика, математика, филозофија и астрономија.
The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford (2007)
Џеси Вудсон Џејмс е еден од најпознатите американски одметници, лидер на банда, ограбувач на банки и возови и убиец од Мисури. Роберт Форд е ликот кој го идеализира овој суров водач уште од детството и очајно се обидува да се приклучи кон неговата банда, сè додека не започне да се чувствува огорчено и навредено и не почне да крои план за одмазда.
Che (2008)
Бенисио дел Торо го портретира ликот на марксистичкиот револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција, Ернесте Че Гевара. Тој е еден од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро, а филмот го следи мобилизирањето на армија во 1956 година против режимот на диктаторот Батиста.
Hotel Rwanda (2004)
Потресна приказна која го следи животот на Пол Русесабагина, кој несебично го претвора својот хотел во камп за бегалци за време на граѓанската војна во Руанда. Целта е едноставна - да ги заштити Тутсите од геноцидот кој го вршат Хутите. Колку луѓе ќе успее да спаси Пол?
Selma (2014)
„Еден сон може да го промени светот“. Вистинита приказна која го прикажува сонот на Мартин Лутер Кинг и епскиот марш од Селма до Монтгомери, Алабама во 1965 година, со цел да се обезбедат еднакви гласачки права за Афроамериканците.