7 лаги за животот во Њујорк кои ни ги кажа Кери Бредшо
Да бидете сингл и да работите како фриленс писател во Њујорк е забавно и гламурозно живеење, барем така нè научи Кери Бредшо.
Можеби и некоја девојка се обидела да ги следи стапките на Кери и да проба да живее сама.
Кери нè научи дека животот во Њујорк за девојките е фантастичен - купувате само дизајнерски чевли, не морате да плаќате кирија баш секогаш, насекаде има згодни слободни мажи, можете да имате огромен гардеробер...
Листата продолжува, но е лажна:
1. Лесно е да запознаете мажи во Њујорк
Тешко дека ќе го најдете мажот од соништата во еден така голем град, а поголемиот дел од времето ќе го поминете во состанување со мажи кои се далеку од чесни.
2. Сè ќе биде во ред, ако платата решите да ја потрошите на чевли, не на кирија
Не, газдата нема да ја разбере вашата љубов кон чевлите. Никаде во светот. А, најважно од сè е што морате да научите како да раководите со финансиите.
3. Можете да најдете стан во најлуксузниот дел од Менхетн - Горна источна страна
Не ви требаат цимери, нема да имате инсекти и глувци, а можете да имате голем стан само за вас - веројатно веќе знаете... Лага.
4. Никогаш не морате да користите јавен превоз, насекаде има такси
Tакси превоз не е речиси бесплатен 24/7 туку, најверојатно ќе се најдете во ситуација во која морате да се препотувате во метро, да чекате за следниот преполн воз...
5. Можете да трчате низ градот на високи потпетици
Дури и да можете да трчате на високи штикли, зарем би сакале да ги уништите оние дизајнерски чевли за кои сте потрошиле стотици долари?
6. Секогаш можете да одберете мода наместо храна
Последните пари можете да ги потрошите за Вог, не за храна... Не, реалноста не е таква. Од модата не можете да живеете.
7. Некако, можете да живеете во Њујорк само со една статија во неделата
Звучи како идеална работа, ама истата не постои никаде во светот, а посебно не во Њујорк.
Н. Г. | Црнобело