Филмови кои со нетрпение ги очекуваме во септември
Седмата уметност е повторно подготвена да нè освои со нови филмски наслови кои се надеваме дека ќе ги впишеме во групата на омилени.
Погледнете кои филмови ги очекуваме во септември:
The Light Between Oceans
Премиера: 2 септември
Огромната љубов помеѓу Том (Мајкл Фасбендер) и Изабел (Алисија Викандер) единствено ја поматува неспособноста да имаат свое бебе. Што ќе се случи кога ќе пронајдат едно на брегот од океанот?
Skiptrace
Премиера: 2 септември
Џеки Чен и Џони Ноксвил се на спротивните страни на законот, но се здружуваат во оваа комедија со една единствена цел – борбата против криминалот.
Blair Witch
Премиера: 16 септември
Добро познатата хорор сага продолжува, откако момче ќе пронајде видео доказ дека неговата исчезната сестра е заробена во демонската шума и ќе се обиде да ја пронајде со неговите пријатели.
Bridget Jones's Baby
Премиера: 16 септември
Омилената несмасна Бриџит и овојпат ќе се најде во љубовен триаголник, а насловот на филмот ни открива и повеќе од доволно.
Snowden
Премиера: 16 септември
Џозеф Гордон Левит ја портретира улогата во филмот работен според вистинската приказна на Едвард Сноуден, службеник во американската Национална агенција за безбедност, кој ќе пушти илјадници тајни државни документи достапни за јавноста.
The Magnificent Seven
Премиера: 23 септември
Филмот кој собра многу ѕвезди на едно место (Дензел Вашингтон, Крис Прет, Итан Хок) нè враќа во времето на Дивиот запад, каде што седуммина пиштолџии застануваат во одбрана на едно село против нападите од крадците.
Denial
Премиера: 30 септември
Во оваа емотивна драма, двајца еминентни истражувачи и историчари се борат да го докажат или да го оспорат прашањето – дали Холокаустот навистина се случил?
Miss Peregrine's Home for Peculiar Children
Премиера: 30 септември
Режисерската палка е во рацете на Тим Бартон, а тоа ни ветува неверојатно бајковито доживување во домот на фантазијата, мистеријата и натприродните моќи на госпоѓицата Перегрин и необичните деца.
(O)милена | Црнобело