5 супер романтични филмови кои ќе ја разбудат вашата нежна страна
За деновите кога имате желба да погледнете едноставен филм со чија помош ќе го пуштите „мозокот на пасење“ или ви е потребна доза љубов и романтика за да ве освежи во досадните и топли летни денови, ви ги предлагаме овие 5 одлични филмчиња.
Тие ќе ја разбудат вашата романтична страна, можеби ќе ве инспирираат на некој невообичаен гест или најдоброто можно сценарио – ќе ви ја вратат вербата во љубовта.
Одлични за самостојно гледање како и во друштво, одвојте малку времe за:
1. Love, Rosie
Симпатичната Роузи и Алекс се другари од 5-годишна возраст, а нивното неразделно пријателство наскоро ќе биде ставено пред најголемиот тест: Дали може да бидат и нешто повеќе од тоа?
2. The age of Adaline
Дали може да се надевате на вистинска љубов доколку вашата најголема тајна која ја криете во себе е дека всушност – не стареете? Блејк Лајвли го портретира ликот на Аделин и нејзината уникатна приказна.
3. The Choice
Работен според новела на Николас Спаркс во типично негов стил, овој филм нуди сè што може да посакате: страст, љубов, возбуда, загуба и солзи. Неверојатно уживање и многу романтика.
4. Endless Love
Приказната за богата девојка и харизматичното момче кое не поседува висок статус, за да ја заслужи според нејзините родители кои се противат на врската, ќе ве освои со нивната борба против нив.
4. What If
Што се случува кога ја среќавате љубовта на вашиот живот, а таа е веќе зафатена и ви предлага да бидете само пријатели? Како Даниел Редклиф ќе се справи со тој предизвик?
(О)Милена | Црнобело