Зошто во многу Дизни цртани се појавува мистериозен код - А113?
Без разлика на годините, речиси сите ги обожаваат анимираните филмови на Дизни и Пиксар. Можеме да ги гледаме одново и одново, сè додека не ги научиме сите песни и шеги на памет.
Секако, има и работи кои ненамерно ги забележуваме, но ни делуваат дека не се само случајност. Токму таков е случајот и со луѓето кои еднаш го забележале кодот А113, па потоа сфатиле дека во речиси секој цртан се повторува.
Која е приказната зад овој навидум обичен код? Зошто токму оваа спојка на бројки и буква?
Прво погледнете ги сите места и сцени во кои се појавува...
Сега следува прашањето - зошто?
За да следи одговорот - А113 е број на училница во Институтот за уметност во Калифорнија, каде првата генерација на аниматори учеше графички дизајн и анимација на ликови.
Голем број од нив завршиле како илустратори и графички дизајнери за Дизни и Пиксар.
Па, тајниот код А113 е еден вид на оддавање почит на сите учители и колеги.
М. Д. | Црнобело