Викенд предлог: Топ 10 филмови кои ќе ве одведат на патот до среќата

Среќата доаѓа во различни форми, некој би рекол колку луѓе на планетава, толку различни типови на среќа. Можеби тоа е и вистина, бидејќи сè уште не сме слушнале еден единствен одговор за тоа што претставува среќата.

vikend-predlog-top-10-filmovi-koi-kje-ve-odvedat-na-patot-do-srekjata-01.jpg

Некои се вистински среќни во гужва и бука, меѓу многу луѓе, познати и непознати, а некој пак, е искрено среќен тогаш кога е сам со себе или само со најблиските, во удобноста на сопствениот дом...

Но, тоа не значи дека немаме буквално ништо заедничко по кое можеме да кажеме дека сме среќни. Голем дел од нас, во равенката би ги ставиле љубовта, пријателствата, личните успеси и достигнувања, раѓањето на децата...

Листа од 10 филмови „водичи“ кои ќе ве поведат на патот кон среќата, онака како што ликовите во нив ја пронајдоа сопствената среќа:

1. „The Way“

Филмот ја раскажува тешката животна приказна на Том Ејвори, човекот чиј син починал, па решава да го оствари сонот кој неговиот син го имал - Да оди на патот „Свети Џејмс“ наместо него. Оние кои сакаат сериозни драми со тешки приказни, ќе го обожаваат овој филм.

2. „Im Juli“

Агата Кристи еднаш рече: „Животот за време на своето патување е како сон во својата најчиста форма“. Така е и со животната приказна на еден професор по физика кој заминува за Истанбул за да ја пронајде танчарката во која се вљубува. Одличен филм за оние кои ја сакаат спонтаноста.

3. „Life as a House“

Понекогаш постојат околности во животот кои ви овозможуваат целосно да ја промените вашата судбина. Но, понекогаш немате време да чекате на помошта од небото. Еден 45-годишен архитект, Џорџ, открива дека неговите денови се избројани...

4. „Midnight in Paris“

Дали постои филм на Вуди Ален кој не успеал да допре до нашите срца? Мајсторот на кинематографијата создаде ремек-дело во кое еден романтичен сценарист потајно сака да живеел во `20-те години во Париз.

5. „The Fisher King“

Небото секогаш ни испраќа шанси, но понекогаш, знаците на судбината се прилично импресивни. Џек работи како радио водител кога еден ден, една од неговите иронични шеги се претвора во трагедија. Ја напушта работата и се обидува да ја удави својата тага во алкохол, сè додека не запознае еден бездомник...

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Враќање во детството: Се сеќавате ли на цртаниот филм „Денвер, последниот диносаурус“? Се сеќавате ли на преслаткиот и необично интелигентен диносаурус Денвер? Го глед...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10-те најдобри хорор серии на Нетфликс (кои ќе ве подготват за Halloween) Midnight Mass е една од најдобро рангираните серии на Нетфликс, додека Santa Cla...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
Го гледав документарецот за Селин Дион и ме расплака нејзината борба со синдромот на вкочанета лично... Снимката од нападот на Селин е мачен за гледање - жената која секогаш оддавала в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg