Првиот трејлер за „Inferno“ со навистина интригантно прашање (видео)
„Дали би убиле половина од популацијата денес, за да го спасите човечкиот род од изумирање?“
Ова е интригантното и моќно прашање кое го поставува првиот трејлер кој претставува екранизација на истоименото дело на познатиот Ден Браун.
По екранизацијата на „The Da Vinci Code“ во 2006-та и „Angels & Demons“ во 2009-та година, ова е трет бестселер кој ќе се појави на големото платно.
Режисерската палка повторно му е доверена на Рон Хауард, а симболистот Ленгтон (Том Хенкс) при решавањето на новата мистерија ќе добие помош од докторката Сиена Брукс (Фелисити Џонс).
Ленгтон се буди во болница во Италија не знаејќи како и зошто стигнал таму, а докторката Сиена се обидува да му помогне во обидот да дознае што се случило.
Неговата лична потрага одеднаш станува потрга и по една друга мистерија која го води до познатото дело на Данте Алигиери и патување низ светот со цел одгатнување на неверојатна вистина за човештвото...
Погледнете го трејлерот кој ветува уште една фантастична екранизација на одличниот Ден Браун.
М. С. | Црнобело