Филмови кои секоја жена треба да ги погледне барем еднаш во животот

Стереотипот вели дека секој филм кој е омилен меѓу жените мора да биде некаков тип на романса, но реалноста е дека некои од најомилените филмови на жените се многу повеќе од тоа.

top-12-filmovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-pogledne-barem-ednash-vo-zivotot-01.jpg

Повеќето од филмовите кои се допаѓаат на најголемиот број на жени разработуваат повеќе тематики, а не само идејата за безрезервна, наивна љубов.

Веќе направивме една листа на филмови кои секоја жена треба да ги погледне сама, барем еднаш во животот, но бројот на филмови никогаш не е конечен.

Уште 10 филмови кои секоја жена мора да ги погледне барем еднаш во животот:

1. „My Blueberry Nights“

Брилијантното глумење и поставеноста на камерата се она што прави ова дело на режисерот Вонг Кар-Ваи да се почувствувате како да влегувате во некаков сон или фантазија.

2. „Stepmom“

Приказна за силни емоции, мајчинство и посветеност, како и борбата да се соочиме со потребата да ги контролираме нашите животи, дури и тогаш кога работите се вон наша контрола.

3. „The Painted Veil“

Приказната се одвива во скриено гратче во Кина за време на епидемија на Колера, каде главните ликови учат дека љубовта се разбива бавно, а не како ненадеен наплив на површни страсти.

4. „The Hours“

Комплексен филм кој ве внесува во виорот на мистерии кои се кријат во душата на секоја жена, како и поттик да се запрашате: „Зошто често сме несреќни?“, „Дали среќата е поблиску отколку што мислиме?“.

5. „Love Me If You Dare“

Навидум нежен филм кој ја опишува наивната љубов меѓу двајца личности кои растат и созреваат заедно, но ако подобро ја разгледате приказната, зборува и за суровоста на емоциите.

6. „Sleeping with the Enemy“

За некои животот во убава куќа покрај море е сон, а за некои затвор од кој колку и да сакаат да избегаат, не можат. Благодарение на добрата глума на Џулија Робертс и Патрик Бергин, филмот ќе го гледате на „штрек“.

Уште 6 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најпопуларните филмови од 2024-та досега, што ги освоија симпатиите на публиката Два наслова со Рајан Рејнолдс, но и многу продолженија – кои се најпопуларните ф...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...
10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса) Ако досега не сте ја изгледале Wednesday, време е да го сторите тоа. Ако, пак, с...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg