Филмови кои секоја жена треба да ги погледне барем еднаш во животот
7. „Fried Green Tomatoes“
Приказна која ја прикажува монотонијата на секојдневието, но и скриеното, малку чудно, задоволство кое произлегува од рутината. Што се крие зад сите вообичаени настани?
8. „The Reader“
Драма која зборува за проблемите со кои се соочува целиот свет по завршувањето на Втората светска војна - ќе добиете слика за милиони животи само низ приказните на неколку ликови.
9. „Atonement“
Можеби нема да забележите од прво, но ова е филм кој остава длабока трага во вашето срце. Филм кој зборува за омразата, личното уништување, надежта, желбите, накратко сите човекови емоции.
10. „Cracks“
Пукнатини се мали напукнувања кои настануваат на мазната површина на нашата свест, кои понекогаш исчезнуваат, а понекогаш остануваат засекогаш да не прогонуваат и да го менуваат нашиот живот од корен. Овој филм зборува за вториот тип.
11. „White Oleander“
Приказна која зборува за односот меѓу мајка и ќерка, како и за тоа што прават екстремните однесувања во тој однос.
12. „All About My Mother“
Овој филм на Педро Алмодовар ќе ви даде поглед во неговата уникатна перспектива за светот, посебно жените. Перспектива која се разликува од сите останати приказни кои сте ги виделе на филмското платно.
Н. Г. | Црнобело