Дајте му Оскар на ди Каприо - 11 докази дека го заслужува!

Како што се приближува датумот за Оскарите, толку почесто се спомнува името на Леондардо ди Каприо.

dajte-mu-oskar-na-di-kaprio-11-dokazi-deka-go-zasluzuva-01.jpg

Досега имаше низа на прекрасни улоги, а за барем една од нив, по мислењето на многумина, требаше да добие златна статуетка.

Последниот во низата е The Revenant, за чие снимање јадел живо месо од бизон и спиел во труп од мртво животно. Сепак, којзнае дали „ќе запали“.

Листата на направени и жртвувани работи на Леонардо за Оскар е долга, а ова се само 11 докази дека конечно, време е...

1. Сцената во The Wolf of Wall Street, каде Леонардо се влече по земја само со помош на рацете е снимана цела недела. Цела недела лежел и се влечел по асфалт само за верно да прикаже како неговиот лик не е при себе по прекумерна доза на седативи.


2.
Сцената во The Wolf of Wall Street во која Џон Хил се гуши, а Леонардо се обидува да го врати во живот со дишење уста на уста, му донела околу 70 пати изџвакана шунка по глава, пред конечно да се залепи на лицето, како што предвидел режисерот.


3.
Секој пат кога шмркал кокаин во The Wolf of Wall Street, всушност шмркал Б витамин.


4.
Во една од финалните сцени од The Wolf of Wall Street, Леонардо му нуди на Џон Хил парче суши, кое сепак на крај ќе заврши назад во неговата уста. Сцената била повторувана цела ноќ, преку 70 пати, односно Лео изел преку 70 парчиња жива риба. На крајот повраќал во канта за отпадоци.


5.
„Го зезав дека нема шанса тоа да го направи, но ете. Дури не користеше и двојник,“ во еден наврат изјавила Маргот Роби за сцената во The Wolf of Wall Street каде ди Каприо лежи целосно гол, со свеќа во задникот. Свеќата морал да ја запали еден од помошниците.


6.
Во една сцена во Django Unchained, Леонардо удрил со дланката на маса, искршил стаклена чаша и толку силно се поврзал со сцената што навистина имало крв насекаде. Сцената ја завршил како апсолутно ништо да не се случило.


7.
За да го долови ликот на Едгар Хувер во J. Edgar, Леонардо секој ден пред снимањето на сцените поминувал часови нанесувајќи слоеви шминка. Трансформацијата вклучувала силиконски додатоци на неговото лице, леќи во боја, дебело одело...


8.
За истата улога во J. Edgar се согласил на дури 90% пониска плата од оние кои инаку ги добива за еден филм, сè со цел да не трпи буџетот на филмот.


9.
За филмот Shutter Island Леонардо поминал низ неколку реални душевни болници, но и неколку напуштени. Признал дека тоа било прилично трауматично искуство.


10.
За да се подготви за улогата во филмот The Aviator, со денови живеел со маж кој пати од опсесивно-компулсивно пореметување.


11.
На крај, за актуелниот The Revenant откриено е дека морал да спие во распарчен труп од коњ за да се згрее, со оглед на тоа што сцените се снимани на температури далеку под нулата. Тука е и сцената во која морал да преживее напад од агресивна мечка.

„Овој филм беше најтешката работа која сум ја направил во животот, но не ми е жал“, рекол на крајот од снимањето.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 филмски премиери низ македонските кина до крајот на 2024-та Неколку продолженија, но и првиот македонски долгометражен анимиран филм – што ќ...
10 филмски премиери што не треба да ги пропуштите ова лето Долгоочекуваниот Deadpool & Wolverine, како и третото продолжение на A Quiet...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg