Најдобрите европски филмови за 2015-та година

2015-та година беше навистина плодна година за европската филмографија. На листата најдобри европски филмови можете да сретнете филмови од Грција, Франција, Унгарија...

najdobrite-evropski-filmovi-na-2015-godina-01.jpg

Ова е листа на најдобрите европски филмови, снимени во 2015 година:

The Lobster (Грција) – Yorgos Lanthimos

Yorgos Lanthimos е еден од најголемите творци во новата европска кинематографија. Она што тој го создава не е само апсорбирање на приказната, туку и опишување на вознемирувачката и бизарна реалност.

Овој филм е деби на грчкиот режисер, односно прв филм снимен на англиски јазик. Приказната зборува за љубов, осаменост и суровост. Се работи за мрачна романтична и социјална сатира со мала доза на црн хумор.


Youth (Италија) – Paolo Sorrentino

Ова е вториот филм на англиски јазик на италијанскиот режисер Паоло Сорентино. Добитник е на Европската награда за најдобар филм, а беше номиниран и за Златен глобус.

Приказната се одвива во одморалиште во Алпите, каде пензиониран британски диригент Фред Ballinger (Мајкл Кејн) го поминува својот летен одмор. Оваа едноставна приказна за сенилност и младост е преполна со референци за поп - културата и познати личности. Најважниот аспект на филмот е визуелниот ефект, прекрасните локации и употребени бои.


Son of Saul (Унгарија) – Laszlo Nemes

Ова е извонреден дебитантски филм создаден од 38-годишен унгарски режисер. Се работи за емотивно интензивна приказна за болката на преживеаните во холокаустот.

Филмот беше премиерно прикажан на 68-от Кански фестивал каде што освои Гранд При награда. Ова воедно беше и првиот унгарски филм кој ја освои наградата Златен глобус за најдобар странски филм.


Victoria (Германија) – Sebastian Schipper

Викторија е голема победа на германската кинематографија. Овој филм ве води на специфично патување низ Берлин. Техничките аспекти на филмот се навистина импресивни и го одземаат здивот, но најголемата предност на овој филм е перформансот на Costa и Frederick Lau.


Love (Франција) – Gaspar Noe

Се работи за драма напишана и режирана од контроверзниот француско - аргентински режисер Gaspar Noe - авторот на познатите филмови „Irreversible“ (2002) и „Enter The Void“ (2009).

Филмот ја раскажува приказната на Марфи - млад американски фотограф кој живее во Париз и неговата романса со девојка - Електра. Еден ден тие решаваат да бараат возбуда со поканување на нивниот сосед во кревет. Не се ни свесни дека овој акт ќе им го смени животот засекогаш.

Живописните бои, меко и интимно осветлување со интересни блиски кадри на гледачите им овозможуваат да чувствуваат екстаза, заедно со филмските ликови.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја по...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg