Интервју со Стивен Мофат, сценарист и продуцент на „Шерлок“

Шкотскиот сценарист и продуцент, најпознат по хит-сериите Шерлок и Доктор Ху, ни даде интересни одговори за новата специјална епизода, но и за тоа како изгледа неговиот процес на пишување сценарија и зошто смета дека женските ликови во „Шерлок“ се особено важни.

intervju-so-stiven-mofat-scenarist-i-producent-na-sherlock-01.jpg© Hartswood Films 2015. Sherlock is produced by Hartswood Films Ltd and distributed by BBC Worldwide Ltd.

Авантурите на британскиот детектив Шерлок, чија комплетна серија можете да ја гледате на регионалната интернет телевизијја која е достапна и во Македонија – Pickbox.tv, пронајдоа свои обожаватели од Берлин до Пекинг, поради што серијата за современиот Шерлок стана светски феномен.

Во специјалната епизода на „Шерлок“, Шерлок и Вотсон се враќаат во 19 век, а еве што ни откри Стивен Мофат за работата на серијата, за феноменалната популарност на Шерлок и за разликата помеѓу современиот и викторијанскиот Шерлок.

1. Шерлок го вративте во викторијанската ера. Како дојдовте до таа идеја?

Добивме шанса да снимиме специјална епизода, па решивме да направиме нешто поинакво и навистина посебно. Секогаш се шегувавме колку би било добро да го вратиме Шерлок во неговото изворно класично, викторијанско опкружување. Специјалната епизода мора да биде посебна.


2. Која е разликата помеѓу викторијанскиот и современиот Шерлок?

На почетокот не правевме големи измени кога го донесовме Шерлок во сегашно време. Начинот на кој го пишувавме „Шерлок“ беше таков што во голема мера одговара на изворниот Шерлок. Најголемата разлика е во тоа што викторијанскиот Шерлок живее во многу поформален временски период во кој префинетите манири се ценат. Викторијанскиот Шерлок  не е храбар и безобразен како современиот. Но, Шерлок сам по себе не е радикално поинаков. Лесно ќе го препознаете Шерлок на Бенедикт, иако има залижана коса и наметка.


3. Како ја коментирате популарноста на „Шерлок“ во последниве пет години? Во што се крие неговата привлечност?

Не постои време во кое Шерлок не бил популарен. Привлечноста на карактерот... Уживаме не само во начинот на којшто зборува туку и во неговата интелигенција која ја демонстрира на неговиот својствен начин, како и во фасцинацијата од неговото искрено пријателство со Вотсон, што го прави топла личност.


4. Кој е Вашиот омилен момент во Шерлок?

Сѐ! Апсолутно сѐ!


5. Која приказна за Шерлок на Дојл Ви е омилена?

„The Adventure of the Speckled Band“. Тоа е онаа со змијата. Имав 12 години кога првпат ја прочитав таа приказна. Тогаш си помислив дека не може да биде подобро од ова. И бев во право.


6. Како изгледа Вашиот процес на пишување?

Очај, плачење... Вообичаените работи (смеа). Одам на работа наутро во канцеларија и останувам таму до вечерта. Тогаш седнувам и пишувам, потоа бришам сѐ затоа што е катастрофа, а потоа се обидувам пак. Нема мистерија и магија. Зад сѐ што ќе создадам стои многу работа. И плачење.


7. Во серијата Парови може да се препознаат и некои елементи од Вашиот приватен живот. Има ли такви интимни моменти во „Шерлок“?

Не, не баш. Речиси воопшто не плачев. Дел од мојот живот се наоѓа внатре, а затоа е и мојата фасцинација со серијата. Но, не можете да го пишувате Шерлок Холмс како на кој било начин да е сличен со вас или со вашиот живот. Јас не сум гениј.


8. Многу повеќе простор им дадовте на женските ликови во „Шерлок“ отколку што имаат во изворните приказни.

Да бидам искрен, тоа воопшто не беше тешко затоа што во изворните приказни тие воопшто не добиваат шанса нешто да кажат. Но, тоа е вистината.


9. Дали ќе видиме уште женски ликови како Моли?

Дефинитивно ќе ја видите Моли. Тоа беше единствената слабост на изворните приказни. Поради некоја причина, во приказните на Дојл женските ликови не се доволно разработени. Ние тоа го променивме затоа што современата публика очекува женските ликови исто така да се важни. Од г-ѓа Хадсон направивме омилен и брилијантен лик кој одлично го игра Уна Стабс, но ако ви се познати изворните приказни, таа во нив одвај зборува, само ја отвора и ја затвора вратата.


10. Четвртата сезона на „Шерлок“ ќе ја гледаме во 2017 година. Дали ќе има некакви разлики во однос на последните три сезони?

Тоа ќе бидат сосема поинакви епизоди! Би било ужасно да бидат истите епизоди. Но, уште е рано да зборуваме за четвртата сезона. Тоа ќе биде серијата на која се навикнавте, но со многу опасности, воодушевувања и возбуда.


11. Сигурно тоа нема да биде и последната сезона.

Тоа само луѓето си измислуваат глупости на интернет. Немојте да му верувате на интернетот.

Би можело да ве интересира:

Вирално видео од Оскарите - Глен Клоуз ја возвишува Македонија и филмот „Пред дождот“ „Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случен...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg