Леонардо ди Каприо прогласен за „најдобар актер“ на Златните глобуси
Се одржаа 73-те Златни глобуси, а филмот „The Revenant“ се покажа како добро продукциско дело од неколку причини. Самиот филм ја освои најголемата награда на Златни глобуси „најдобра драма“, а Леонардо ди Каприо ја освои наградата за најдобар актер.
41-годишниот актер ја зема својата трета награда за најдобар актер на Златните глобуси. Пред „The Revenant“, ди Каприо ги освои наградите за најдобар актер во филмовите „The Aviator“ и „The Wolf of Wall Street“.
Моментот кога тој е номиниран за актер е прилично емоционален, па на сцената јасно можете да забележите колку е восхитен – „Ова е голема чест за мене“.
„Пред две години станавме дел од природата. Овој филм е за жедта и никој не ја заслужува повеќе од нашиот режисер. Длабочините во кои се нурнаа режисерот и целата екипа беа неверојатни“ – изјавува ди Каприо.
Покрај благодарноста која ја изрази на луѓето кои се дел од овој филм и неговите најблиски, даде краток говор и за правата на домородните народи: „Сакам да се заблагодарам на домородните населенија. Време е да ја заштитиме вашата земја и вашите гласови да бидат слушнати. Да ја заштитиме вашата земја од корпоративните интереси и луѓето кои сакаат да ја експлоатираат вашата земја“.
Покрај номинацијата која ја доби на Златните глобуси, Леонардо ди Каприо е номиниран и за наградата „најдобар актер“ на Оскарите.
Погледнете го неговиот емоционален говор:
Н. Г. | Црнобело