Зошто толку нè привлекуваат филмовите?

Зошто толку нè привлекуваат филмовите? Зошто ги поминуваме викендите во гледање на цели сезони на телевизиски серии? Нашата зависност од екранот можат да биде заводлива. Во текот на изминатите 100 години филмските работници открија паметни начини за задржување на нашето внимание низ драматични заплети.

Zavisnost-od-ekranot-kako-beganje-od-realnosta

Од психолошка гледна точка, ако сакаме да дефинираме што нè привлекува кон гледање на филмови треба да ги разбереме основните карактеристики на човековата природа, како што се мотивациски нагон, просторна перцепција, имагинација, и општествен ангажман.

Добрите приказни го фаќаат нашето внимание, а ние сакаме да видиме што ќе се случи следно.

Постои ритам во драматичните заплети во нивното движење од напнатост до прашања и одговори. Можеби повеќе од раскажување на приказни, читање романи или гледање театарски претстави, аудиовизуелните искуства во филмовите обезбедуваат повеќе директно чувство.

Ова не значи дека слушањеto на приказни, читањеto на романи или гледањеto на претстави се несоодветни уметнички форми. Всушност тие се возбудливи на различни начини.

Некои филмови изгледаат многу реално, но и во таква форма се многу подобри од реалноста. Би сакале ли да гледате филм со нечии дневни активности? Дури и во таканаречените реални шоу-а се раскажува приказна.

Многумина тврдат дека филмовите се типична форма на уметност на нашата генерација. Ретки се луѓето кои овие денови не уживаат во филмови или ТВ серии.

Филмаџиите пронајдоа креативни и заводливи начини за раскажување на приказни преку развивање на аудиовизуелно искуство кое целосно ги стимулира нашите мозоци. За еден час, два часа или цел викенд можеме да влеземе во поинакви светови, сведоци сме на акција, драма, трагедија, се соживуваме со ликовите и чувствуваме со нив.

Само што почнавме научно да истражуваме како филмовите влијаат врз нашите чувства, мисли и живот.

Зависностa од екранот влијае на тоа како мислиме, учиме, формираме спомени и сл. Начинот на кој медиумите влијаат врз нашите мисли, одлуки, па дури и начинот на говорот може да биде многу опасен.

Сé повеќе млади луѓе сакаат да бидат како нивните идоли, холивудски ѕвезди, ликови од ТВ серии, што не е секогаш добро, особено во 21-от век во кој концептот на сериите и филмовите е сосема поразличен од, на пример 90-те години.

Сé почесто сме сведоци на насилство, специјални ефекти создадени само за сцени на борби, многу повеќе секс, објективизација на жени, мажи, деца, издигнување на национализмот...

Исто така, сé повеќе луѓе бегаат од реалниот живот во светот на филмската фантазија, во која тие се главните херои одговорни за своите животи, во кои ја имаат контролата.

Ова го прави соочувањето со реалниот свет уште потешко, а често предизвикува и депресија.

Треба да се запрашаме дали зависноста од екранот ќе биде смрт на нашата свест, „слободна волја“ и индивидуалност?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најдобрите празнични филмови на сите времиња, според IMDb Покрај Home Alone кој традиционално се наоѓа на сите вакви листи, кои се другите...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
10 одлични, но потценети (и заборавени) филмови кои треба да ги изгледате Blood Diamond ќе ви ја покаже мрачната страна на индустријата со дијаманти, а Eq...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg