ТВ парови кои би сакале да се заедно во реалниот живот
Рос и Рејчел? Блер и Чак? Самер и Сет? Овие парови всушност ги покачуваа очекувањата за врските и љубовта додека растевме.
Па, во чест на паровите од малите екрани еве една мала листа #throwbacktvcouples...
1. Чендлер и Моника
Ги играа Метју Пери и Кортни Кокс во „Пријатели“. На почетокот нивната романса на сите им беше чудна но потоа станаа едни од омилените парови.
2. Сет и Самер
Улогите беа на Адам Броди и Рејчел Билсон во серијата „Округот Оринџ“. Како и сите добри ТВ парови и тие имаа свои моменти на љубов и омраза, но по 4 сезони тие се венчаа.
3. Рос и Рејчел
Дејвид Швимер и Џенифер Анистон ја играа 10-сезонската љубов во „Пријатели“.
4. Хари и Шарлот
Еван Хандлер и Кристен Дејвис се веројатно еден од омилените парови од „Сексот и градот“. Тие случајно завршуваат заедно и на прв поглед можеби не се тоа што го бараат, но на крајот имаат преубава врска со слатки дечиња.
5. Дерек и Мередит
Патрик Демпси и Елен Помпео се еден од најголемите ТВ парови кои преживеаа секакви препреки.
6. Кермит и Гица Прасица
Мапет Шоу, жаба и прасе, кој би помислил?
7. Чак и Блер
Ед Вествик и Лејтон Мистер, тој е Чак Бес, таа е Блер Волдорф. Треба да се набројуваат причините зошто овие двајца се одлични заедно?
М. Д. | Црнобело