5 филмски улоги кои ниту еден актер не сакал да ги толкува
Обичните луѓе се плашат од: зомбија, мумии, темнина, пајаци, а актерите се плашат од преземање на одредени улоги. Без разлика дали се плашат реакцијата на нивните фанови или на морничавите сценарија, многу познати актери ги одбиле познатите улоги поради сосема легитимни причини.
Ова се фамозните филмски улоги кои никој не сакал да ги толкува:
Мишел Фајфер како Кларис Старлинг во „Кога јагнињата ќе стивнат“
Мишел Фајфер признала дека ја одбила улогата во филмот, бидејќи премногу се плашела од сценариото, односно од огромна темнина и насилството.
Режисерите се обиделе со многу актерки пред улогата да ја превземе Џоди Фостер.
Џереми Ајронс како Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“
Д-р Ханибал Лектор очигледно е еден од најстрашните ликови во историјата на филмот. Џереми Ајронс ја одбил оваа улога поради неговиот страв од темни приказни и насилството во сценариото.
Ова можеби била вистинската одлука, бидејќи ветеранот Ентони Хопкинс успеа да ја исплаши публиката уште повеќе отколку што сите очекувале со својата извонредна интерпретација.
Џош Хартнет како Супермен во „Супермен се враќа“
Џош Хартнет не сакал да биде обележуван како „човекот од челик“ до крајот на неговата кариера, поради што ја одбил улогата на Супермен.
Мел Гибсон како Бетмен, во Бетмен на Тим Бартон
Мел Гибсон ја одбил улогата на Бетмен во 1989 година, бидејќи мислел дека филмот нема да доживее голем успех.
Дензел Вашингтон како детектив Дејвид Милс во „SE7EN“
Дензел отворено признал дека едноставно премногу се плашел да ја превземе оваа улога, бидејќи сценариото и приказната биле премногу темни и морбидни. Тој исто така, признал дека откога го видел филмот зажалил за својата одлука.
М. А. | Црнобело