Актери кои изглумиле најдобра и најлоша љубовна хемија

Хемијата е недефинирана, но можете да ја препознаете кога ќе ја видите. Таа не мора нужно да биде романтична; може да се почувствува и помеѓу луѓе кои меѓусебно не се допаѓаат. 

Najdobrite-i-najlosite-hemii-pomegu-poznatite-akteri

Хемијата обично се случува во моментите помеѓу зборовите. Таа лежи во неискажаното, во погледите разменети помеѓу две лица, поради што е тешко да се опише, едноставно мора да се види.

Ова се примери на најдобрите и најлошите хемии помеѓу познатите актери во нивните филмови:

Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во „Титаник“ (1997)

Ди Каприо често ја има демонстрирано лошата хемија со славните актерки, како Кери Малиган, Камерон Дијаз, Марион Котијар и Клер Дејнс.

Но, неговата комбинација со Винслет резултираше со една од најпознатите љубовни врски на големите екрани. Нивната енергија и хемија во овој филм е експлозивна и инспиративна.


Итан Хок и Џули Делпи во „Before Sunrise/Sunset/Midnight“ (1995-2013)

Актерите и режисерот работеле заедно повеќе од 20 години на овие филмови, а заедно ги напишале и поголемиот дел од дијалозите.

Реалните и болните предизвици кои ги имаат и двајцата во филмовите е она што ја прави нивната хемија уште посилна.


Рајан Гослинг и Шарика Епс во „Half Nelson“ (2006)

Хемијата не е строго сексуална. "Half Nelson" е потценет филм во режија на Рајан Флек. Гослинг е наставник на едно училиште и зависник од дрога. Неговата ученичка и можеби единствениот пријател е Шарика.

Ова не е една од оние приказни за професор и ученик приказни каде што на крајот среќата триумфира над несреќата.

Тие се разбираат еден со друг и без зборови. Нивните ликови не зборуваат многу, но публиката точно може да ги разбере нивните чувства.


Бен Стилер и Грета Гервиг во „Greenberg“ (2010)

Хемијата помеѓу овие два актери e многу лоша, но режисерот најверојатно токму тоа сакал да го прикаже. Овде е прикажана и една од најлошите секс сцени на сите времиња.

Навистина е тешко да се замисли свет во кој овие двајца ликови би уживале поминувајќи го времето заедно.


Рајан Гослинг и Мишел Вилијамс во „Blue Valentine“ (2010)

Многу луѓе мислат дека овој филм е убава романтична трагедија, но односот помеѓу Рајан и Мишел е всушност неверојатно депресивен.

Сценариото би можело да биде дел од проблемот, но и големиот дел од дијалогот е импровизирани од страна на Гослинг и Вилијамс. Ниво на хемија: 0.


Џулија Робертс, Клајв Овен, Натали Портман и Џад Лоу во "Closer" (2004)

Во овој филм четири атрактивни луѓе ги разменуваат партнерите, а презентацијата на љубовта е незамисливо мрачна.

Се чини дека секој е измамник и дека не може да постои врска без бројни измами. Без оглед на комбинацијата, ниту еден од овие ликови нема меѓусебна хемија. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ситуации кои се невозможни во реалност, а во филмовите редовно се случуваат Освен тоа што никој не мие заби кога ќе стане и не заклучува дома, има уште неко...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 филмови кои најреално го прикажуваат животот со депресија Melancholia ќе направи да се чувствувате меланхолично, додека Prozac Nation пока...
10 ретро хорор филмови кои и денес ни е страв да ги гледаме сами The Exorcist до денес важи за најстрашниот филм на сите времиња, а морничавата м...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg