Нови филмови направени според видео игри, кои ветуваат многу
Не е тајна дека поголемиот дел од филмовите базирани на видео игрите не се многу добри.
Првиот филм создаден според видео игра беше Супер Марио Брос од 1993 година, но постојат уште околу 26 наслови од тогаш кои, исто така не доживеале голем успех во кино салите и кај публиката, односно фановите.
Дали во иднина ќе се создадат добри и квалитетни филмови според видео игрите останува да видиме.
Ова се неколку престојни филмови, создадени според видео игрите, кои би можеле да го скршат проклетството на овој жанр.
Assassin’s Creed
Играта ја раскажува приказната на Дезмонд Мајлс, кој потекнува од долгата линија на атентатори. Тој е фатен од страна на таинствената организација која го испраќа назад во времето за да пристапи до спомените на неговите предци и да ја открие тајната на темпларите.
Зошто звучи добро? Настрана од интригантна приказна, за главната улога се планирани актерите Мајкл Фасбендер, Марион Котијар и Ариен Лабед, а режисерската палка ја потпишува Џастин Курцел. Филмот е планиран да излезе на 21 декември 2016 година.
Warcraft
Мирното царството на Azeroth стои на работ на војната, а неговата цивилизација се соочува со орките. Од спротивставени страни, двајца херои треба да ја решат судбината на своето семејство, својот народ и својот дом. Така започнува спектакуларната сага за власт и жртвување во војната која има многу ликови, а секој се бори за нешто.
Зошто звучи добро? Се работи за фантастичен свет, сличен на Господарот на прстените, многу специјални ефекти, борби и епски содржини. Режисерот ќе биде Данкан Џонс, а филмот има потенцијал да биде најголем филм некогаш направен според видео игра.
Филмот ќе пристигне во кино салите на 10 мај 2016 година.
Metal Gear Solid
Се работи за долг серијал во кој играчите го контролираат оперативниот специјалец наречен Solid Snake кој го бара оружјето наречено "Metal Gear".
Зошто звучи добро? Јордан Вогт - Робертс ќе го режира филмот, а тој е голем фан на видео играта. Неговиот сон е да го направи овој филм незаборавен.
Сè уште е рано да се каже кога ќе биде готов овој проект, но вреди да се чека.
Splinter Cell
Оваа франшиза го следи Сем Фишер, агентот кој работи за тајна агенција наречена Echelon.
Зошто звучи добро? Како и другата адаптација на видео играта од студиото Ubisoft (Assassin’s Creed) во овој проект ќе учествуваат големите ѕвезди, како Том Харди.
Според некои проценки филмот треба да излезе до 2017 година, но оваа информација не е проверена.
М. А. | Црнобело