Како да снимите аматерски филм?

Сакате да снимате филмови, но не знаете од каде да почнете? Правењето на аматерски филмови бара голема желба, трпение, доверба и преданост.

kako-da-snimite-amaterski-film-01.jpg

Постојат неколку основни совети кои можете да ги следите за да го направите вашиот прв филм:


Камера

Да започнеме со основите. За снимање на филмови потребна ви е камера. Многу филмаџии користат евтини камери. Одлучете каков вид на камера ви треба и каков вид на камера можете да си дозволите.

Компании како JVC, Canon и Panasonic имаат релативно евтини камери што се мобилни, ефикасни и изгледаат одлично.

Сепак, ако сакате да снимате сериозни филмови и да снимите повеќе од еден филм, треба да инвестирате повеќе пари и да купите солидна камера.


Најдете ги луѓето кои сакаат да помогнат

Снимањето на филм вклучува голема група на луѓе кои работат заедно за иста цел. Речиси е невозможно да успеете сами да го снимите филмот.

Вклучете ги вашите пријатели во филмот и одберете им улоги. Можете и да направите аудиција или преку социјалните мрежи да ги заинтересирате луѓето за вашиот проект.


Од приказна до сценарио

Првиот чекор е идеја, односно она што сакате да го претворите во филм. Напишете ги своите идеи на хартија и разработувајте ги. Сценариото го става секој момент од приказната во посебни сцени.

Работете сцена по сцена. Доколку наидете на проблем, односно сцената не може да се сними или е премногу комплицирана, сменете ја сцената. Сценариото треба понекогаш да може да се измени.

Не комплицирајте. Секогаш пишувајте за тоа што го знаете или го имате искусено и држете се до едноставноста.

Заборавете на акциони филмови полни со ефекти, трки со коли, летање и сл., бидејќи за тоа ќе ви бидат потребни месеци снимање и многу пари.


Локација

Најдете место на кое ќе снимате. Локацијата ќе зависи од вашето сценарио. Погледнете ги достапните локации, како улици, паркови, шуми.


Монтажа

Одлучете како ќе го монтирате филмот, бидејќи снимките ќе треба да ги ставите во компјутер.

Компјутерите најчесто доаѓаат со Windows Movie Maker, програм со основни алатки за монтажа.

Сепак, за подобра ефективност треба да користите пософистицирани програми за монтажа, како Sony Vegas и Adobe Premiere, за кои сепак ќе ви треба и малку искуство, т.е вежба.

За крај, запомнете, најважната работа е да бидете задоволни и да уживате во тоа што го правите.

Секогаш ќе постојат пречки, фрустрации или технички проблеми, но правењето на филмови првенствено треба да биде забава.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса) Ако досега не сте ја изгледале Wednesday, време е да го сторите тоа. Ако, пак, с...
Го гледав документарецот за Селин Дион и ме расплака нејзината борба со синдромот на вкочанета лично... Снимката од нападот на Селин е мачен за гледање - жената која секогаш оддавала в...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
5 филмови од кои може да извлечете одлични лекции за управувањето со парите Погледнете ги овие 5 филмови кои може да ви дадат одлични поуки кога станува збо...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg