Леонардо Ди Каприо спие во животински труп. Доволно за Оскар?
Леонардо Ди Каприо е подготвен да направи сè за конечно да успее да освои Оскар, а во овој случај дури и да спие внатре во мртво животно, да престојува на неверојатно ниски температури и да јаде живо месо.
Ди Каприо неодамна дал интервју за Yahoo! Movies за најавениот филм „The Revenant“ – приказна која се одвива во 19-от век каде еден човек е закопан жив откако преживеал напад од мечка.
Снимањето на филмот барало од Ди Каприо со денови да живее во ладната Канадска дивина.
„Можам да ви набројам околу 30 – 40-на сцени во кои морав да ги направам некои од најтешките работи за снимање. Без разлика дали станува збор за влегување и излегување во замрзнати реки, спиење во животински трупови или тоа што јадев“ – изјавил Ди Каприо.
По првата изјава следи прашањето во однос на тоа што јадел, за кое Ди Каприо вели: „Секојдневно не јадам живо месо од бизон. Ќе имате можност да видите од мојата реакција на филмот – сè ќе ви објасни. Во секој случај беше инстинктивна реакција“.
Погледнете го трејлерот од филмот кој се очекува да излезе 25 декември: