Анџелина Џоли за снимањето на „By the sea“ со Бред Пит: „Можеш да бидеш заљубен во истата личност која сакаш да ја убиеш“
За помалку од месец дена во кино салите ќе се појави најновиот заеднички филм на Анџелина Џоли и Бред Пит, а пред неговата официјална премиера парот сними видео во кое објаснува како изгледало работењето на втор заеднички проект.
„Се ослободивме и навистина сум среќна што се согласи да го направи ова заедно со мене“ – вели Џоли.
Пред една година започна снимањето на овој филм во Малта, а сега излезе и првиот трејлер.
Филмот се одвива во 70-тите години. Приказната се однесува за пар кој заминува на патување како последен обид да го спасат својот брак.
Џоли е режисер на овој филм па објаснува дека имала потешкотии: „Најтешко ми беше да работам на сцените каде ние двајца се расправаме, но сега повеќе од било кога го разбирам неговиот начин на работење“.
Филмот ќе се појави во кино салите на 13 ноември.