Викенд предлог: Најдобрите европски филмови
Иако сè уште американските, односно холивудските филмови доминираат како тирани врз домашните кино сали со новите епски блокбастери, треба да се запрашаме дали приказната почна да паѓа во втор план.
Пред специјалните ефекти, акцентот на филмовите бил на приказната и умешноста на режисерот да ја раскаже со помош на одлична глума и кинематографија. Европската кино сцена сè уште ги чува тие вредности и не се потпира исклучиво на специјалните ефекти.
Ова е листа на 10-те најдобри европски филмови кои вреди да ги гледате:
1. Amélie ("Le fabuleux destin d'Amélie Poulain“)
Француски филм на Jean-Pierre Jeunet со интригантната Одри Тоту. Се работи за млада, наивна и љубопитна девојка Амелија која живее во Париз. Таа решава да им помага на луѓето околу себе на уникатни начини, а тој пат ја води кон откривање на љубовта.
2. The Lives of Others ("Das Leben der Anderen")
Германски филм на Florian Henckel von Donnersmarck. Се работи за моќен филм изграден на скриени мисли и тајни желби.
3. Life Is Beautiful ("La vita è bella")
Италијански филм на Роберто Бенини. Кога еврејскиот библиотекар Гуидо и неговиот син ќе станат жртви на холокаустот, тој со помош на хумор и имагинација се обидува да го заштити својот син од опасностите околу нивниот камп. Филм што освоил 3 Оскари, хумористичен и тажен, сигурно нема да ве остави рамнодушни.
4. Léon: The Professional
Филм на Luc Besson, зборува за 12-годишно девојче кое по убиството на нејзиното семејство почнува да го прати платениот убиец Леон (Жан Рено). Тие формираат необична врска како што таа станува неговата ученичка. Во овој филм имате можност да ја видите младата Натали Портман во нејзината прва филмска улога.
5. Cinema Paradiso ("Nuovo Cinema Paradiso" )
Филм на Giuseppe Tornatore во кој режисерот се потсетува на своето детство, кога се вљубил во филмовите.
Уште 5 филмови на следната страна...