Предлог филмови за дождливите денови кои следат
6. „Good Will Hunting“
Ако сте млад генијалец кој се соочува со лични кризи и за нив мора да разговара со психотерапевтот кој му е зададен од судот, само едно место е најдобро за тоа – клупа во парк додека лисјата паѓаат.
7. „Dead Poets Society“
Есента е време кога младите се враќаат назад на училиште, а нема ништо подобро од тоа да пронајдете професор кој ќе ве натера да го сакате учењето и ќе ви биде мотивација за успех.
8. „Hannah And Her Sisters“
Овој филм на Вуди Ален докажува дека есента е време на големи животни промени со прикажување на приказната за Хана, нејзините сестри и животните околности во кои се наоѓаат.
9. „Garden State“
Кога летото завршува постои веројатноста да ви удри носталгијата во глава и да бидете во депресивно расположение, но затоа тука е Натали Портман со својот весел карактер за да ви го направи животот позабавен.
10. „Autumn In New York“
Добро познат ерген кој досега не успеала ниту една жена да му го освои срцето, се вљубува во млада дама која долго нема да остане на овој свет.