3 филмови кои задолжително треба да ги погледнете во април
Сакате да погледнете романса, драма или трилер? Ние направивме листа на три филмови кои треба да ги изгледате овој месец.
1. Serena
Оваа мрачната јужњачка готска романса е адаптирана од книгата на Рон Раш и режирана од страна на Сузан Бир. Главната женка улога ја толкува Џенифер Лоренс која делува скоро легендарно со нејзината фризура од дваесеттите и одличната емотивна глума. Бредли Купер го толкува нејзиниот наивен и галантен богат сопруг.
2. 5 to 7
Режисерското деби на Виктор Левин, 5 до 7, ја истражува замислата за отворениот брак - дека стабилност на семејството и анархијата на еротската љубов може да постојат заедно без притоа да експлодираат. Машкиот дел од публиката ќе се вљуби во Беренис Марлох, француската заводничка додека девојките ќе воздувнуваат по нежноста на Антон Јелцин.
3. True Story
Намерно или не, насловот на филмот на Руперт Гулд е полн со иронија. Приказната е адаптирана од мемоарот на Мајкл Финкел. Џејмс Франко одлично ја толкува улогата на социопатот Кристијан Лонго, кој се претвара дека е новинарот Финкел.