Љубовта низ цртаните на Дизни: 10-те најромантични моменти
Кога велиме љубов, мислиме на она магично чувство кое само цртаните на Дизни може да го предизвикаат и пренесат на најромантичен можен начин.
Сигурно и вие бевте дете кое ги затвораше очите кога ликовите се бакнуваа и чие срце потскокнуваше од среќа кога принцот конечно ќе ја освои девојката.
Токму затоа ве потсетуваме на 10-те најромантични моменти кои сите потајно сонуваме да ги доживееме:
1. Моментот кога Флин ја спасува Рапунзел и вели „Ти беше мојот нов сон...“
2. Мазењето на Нала и Симба од кое се шири љубов.
3. Кога принцот ја разбуди Снежана, затоа што нема ништо поромантично од „бакнежот на вистинската љубов.“
4. Најромантичната вечера ја имаа токму скитникот и дамата, кои не се бакнаа, туку само „започнаа ист залак.“
5. Моментот кога Аладин и Јасмин меѓусебно си ги завршуваа речениците.
6. Воли ја пронајде Ив. Баш кога мислеше дека засекогаш ќе биде сам, започна најубавата љубовна приказна.
7. Тарзан ја истражува шумата заедно со Џејн, без да ја испушти од раце.
8. Херкулес одбира да биде со Мег, наместо да биде Бог.
9. Секој момент кога Карл ја прегрнува Ели. Нема ништо поромантично од вечната љубов.
10. Танцот на Пепелашка и принцот заради кој времето застанува.
Кој е вашиот омилен? Дополнете ја листата во коментари!