Нашата актерка Јелена Јованова е новата Бонд девојка?
Нашата актерка Јелена Јованова би можела да се најде во новото Бонд продолжување, тврдат светските медиуми.
Јелена до сега има заеднички филмски проект со Анџелина Џоли, а сега би можела да има нов светски успех.
Како што и самата потврдила, веќе влегла во вториот круг од кастингот за придружничка на агентот 007.
- Дојдоа до мене преку една менаџерка од Сараево, па решив да одам на кастингот, потврдила младата Јелена.
Најновото продолжување од Бонд серијалот ќе биде именуван „Бонд 24,“ а дали нашата Јелена ќе биде следната Бонд девојка, ќе дознаеме откако кастингот ќе заврши.
Ако успее, таа ќе влезе во групата славни убавици која ги вбројува беспрекорните Ким Бејсингер, Урсула Андрес, Ева Грин, Хали Бери...