Одбројување до премиера: Еве го првиот трејлер за продолжението на „Глуп и поглуп“
Подгответе се за одбројување до 14-ти ноември за кога е закажана премиерата на новото продолжение на урнебесната комедија „Глуп и поглуп“.
Во главните улоги се незаменливите Џим Кери и Џеф Даниел како Лојд и Хари кои по 20 години од случувањата во претходниот филм повторно запаѓаат во нови авантури и лудории.
Хари добива писмо од некој што се претставува како неговата ќерка која одамна не ја видел и тргнува на пат заедно со својот пријател Лојд за да ја најдат.
Сите згоди и незгоди кои им се случуваат по патот се надополнети со стариот добар хумор на глупавиот и поглупавиот.
Погледнете што ве очекува во зимска премиера на комедијата која сигурно ќе ве загрее: