Топ 5 филмски премиери кои нè очекуваат летово

По филмските фестивали и доделувањата на филмски награди во изминатиов период, време е да се подготвите за новите светски филмски премиери кои ќе се појават ова лето и ќе ги наполнат киносалите.

top-5-filmski-premieri-koi-ne-ocekuvaat-letovo-01

Претежно се наменети за љубителите на научно-фантастичниот жанр, но приказните може да ги заинтересираат и сите останати. Возбудливи авантури, неверојатни ефекти и многу акција е она што ќе биде хит ова лето.

Погледнете ги трејлерите за филмските премиери кои нè очекуваат:

1. „Transformers: Age of Extinction

Многумина го очекуваат продолжението на филмската фикција „Трансформерси“ на средина на месец јуни. Во овој дел „Trasformers: Age of Extinction“ глумат Стенли Тучи, Марк Волберг, Никола Пелц, Келси Грамер. За првпат главната улога ја презема Марк Волберг, наместо Шија Лебоф кој ја имаше во претходните 3 дела. Се очекува многу авантуристичко и акционо продолжение како и стандардното уништување на околината.

Неговата премиера е закажана на 27 јуни.


2. „Dawn of the planet of the planet of the apes

По првиот дел „Rise of the Planet of the Apes“ во ова продолжение настаните се поместени 15 години подоцна. Целото дејство е насочено на група научници кои се трудат да преживеат во Сан Франциско. Во ова продолжение нема да го видиме Џејмс Франко, но затоа ќе се појават: Гери Олдман, Кери Расел, Џејсон Кларк и Џуди Грир.

Неговата премиера е закажана на 11 јули.


3. „Jupiter Ascending

Научната фантастика „Jupiter Ascending“ изобилува со одлични ефекти кои прават планетите и различните светови да изгледаат интересно. Приказната во која главните улоги ги имаат Мила Кунис и Ченинг Татум сигурно ќе им изгледа возбудливо и интересно на зависниците од вакви филмови.

Неговата премиера е на 25 јули.


4. „Guardians of the galaxy

Уште една научно-фантастична филмска премиера ќе се појави во август. Приказна за астронаутот Венс кој случајно ќе биде пренесен 1000 години во иднината, а таму се здружува со група одметници кои сакаат да соборат еден злобен и немилосрден тиранин. Актерската екипа која му дава особено голема вредност и популарност е составена од: Бредли Купер, Вин Дизел, Зои Салдана, Крис Прет и Бенисио дел Торо.

Неговата премиера е на 1 август.


5. „Sin City: A Dame to kill for

Десет години по првата адаптација на стрипот „Sin City“ во август ќе се појави ново продолжение во кое ќе видиме значајна актерска екипа составена од: Џесика Алба, Мики Рурк, Брус Вилис, Ева Грин и многу други. Провокативна драма која ќе ве одведе во друго време.

Неговата премиера е закажана на 22 август.

Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg