Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2025 (иако не се номинирани во главната категорија)

Maria

Со Анџелина Џоли во главната улога, Maria e биографски филм за познатата оперска пејачка Марија Калас.

Дејството се фокусира на последните денови од нејзиниот гламурозен, но турбулентен живот, во период кога живее во Париз и се крие од јавноста.

Многумина ја опишуваат изведбата на Џоли како совршена, но таа не доби номинација – филмот е номиниран во категоријата најдобра кинематографија.

Nosferatu

Инспириран од Nosferatu од 1920-тите како и книгата „Дракула“ на Брам Стокер, Nosferatu е вистинско освежување во жанрот хорор.

Главните ликови се млада жена и вампир кој станува опседнат со неа.

Филмот доби одлични критики, а е номиниран во четири категории, вклучувајќи и најдобра кинематографија.

Gladiator II

Долгоочекуваното продолжение на Gladiator од 2000 година беше добро прифатено и од публиката, и од критичарите.

Во новиот филм, главниот лик е синот на Максимус кој исто како татко му влегува во римскиот Колосеум како гладијатор.

Филмот доби само една номинација за Оскар, за најдобра костимографија.

September 5

Уште еден филм снимен според вистински настан, овој пат заложничката криза од Олимписките игри во 1972 година, кога беа киднапирани неколку израелски натпреварувачи.

Во филмот се искористени вистински снимки од американската телевизија која ги покривала Олимписките игри, а со тоа и целата драма со киднапирањето.

Филмот доби номинација за најдобро оригинално сценарио.

Inside Out 2

Уште еден наслов номиниран во категоријата најдобар анимиран филм.

Во второто продолжение на Inside Out, главниот лик повторно е Рајли која сега е тинејџерка и се соочува со нови емоции, како анксиозност.

Погледнете и: 10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Номинации за Оскари 2025: Прва номинација за Деми Мур Аријана Гранде ја заработи првата номинација за улогата во Wicked, а во истата к...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg