Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи
Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликови се расправаат во првите епизоди... Дали ви се чини дека ако сте изгледале една турска серија тогаш знаете што се случува во сите?
Турските серии денес се емитуваат и на телевизиите, но и на стриминг платформите како Нетфликс, што е знак дека имаат гледачи и публика, иако понекогаш ви се чини дека ако сте изгледале една серија, тогаш сте ги виделе сите.
Има и такви што велат дека веќе никогаш нема „да се навлечат“ на нова турска серија и да си го губат времето, но и такви што со нетрпение ја чекаат новата сезона или новата епизода на приказната што ја следеле.
Без разлика на која група и да припаѓате, сигурни сме дека барем еден дел од животот сте го поминале гледајќи вакви серии, а клишеата и стереотипите што ќе ги наброиме во продолжение сигурно ви се препознатливи.
Љубов на прв поглед
Ова се случува во секоја турска серија. И сценариото речиси секогаш е исто... На гласната хероина ѝ паднаа книгите, или се судри со некого... Кога... Упс...
Во забавен кадар пред неа стои љубовта на нејзиниот живот кон кого почнува веднаш да развива чувства и во кого веднаш се вљубува.
Но, иако ликот се вљубува веднаш, гледачите 5 минути треба да ги следат нивните погледи во забавен кадар.
Главните ликови секогаш се расправаат на почетокот
Се сеќавате на Онур и на Шехерезад, на Елиф и Полат...
Сите главни ликови во турските серии на почетокот имаат жолчни расправии и не се поднесуваат.
Најчесто момчето е богато и надмено, девојката сиромашна и скромна (или обратно)... И секако, нивните семејства не се поднесуваат...
И сиромашните се секогаш дотерани
И слугинките и богатите се секогаш дотерани. Дури и кога глумат ликови од село, актерките се нашминкани (па и кога се будат од кревет).
Деца и проблематични врски од минатото
Нема турска серија во која нема по некоја стара љубов од минатото која се враќа во најнезгодниот момент. Често таа има скриено дете со себе, па потоа следуваат ДНК тестови, недоразбирања со жената во која е вљубен...
Случајности
Кога ќе почнете да гледате турска серија веќе знаете дека ништо не е случајно. Човекот што главниот лик случајно ќе го види на улица е тој што со години се грижи за неговата загубена ќерка.
Тој што случајно ќе се судриш со него во болница ти е најголемиот непријател, но ти не знаеш за него.
Целта на ваквите сцени е да се зголеми возбудата кај публиката, но мора да признаете дека со тек на време веќе стануваат предвидливи.