Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нетфликс направи серија?
„Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Менендез. За него, и неговиот постар брат Лајл, Нетфилкс направи нова документарна серија, која ја раскажува приказната за тоа како двете момчиња, пораснати во раскош, брутално си ги убиле родителите.
На Нетфликс е објавенa нова документарна серија, снимена според вистинска приказна, насловена Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story.
Серијата ја раскажува приказната за двајца браќа кои во 90-тите години на минатиот век беа осудени за грозоморното убиство над нивните родители.
Браќата Менендез во серијата на Нетфликс
Низ 9 епизоди, документарната серија, која е продолжение на хит серијалот за Џефри Дамер, ја раскажува морничавата приказна за браќата Ерик и Лајл, кои биле обвинети за убиството на нивните родители Хозе и Кити Менендез.
Во продолжение повеќе факти за браќата кои се инспирација за новата серија на Нетфликс, која се очекува да биде вистински хит оваа есен:
Ерик и Лајл биле синови на холивудскиот продуцент Хозе Менендез и неговата сопруга Кити, а израснале во богатство и луксуз.
Вистинските браќа Менендез
Откако завршил средно образование во Беверли Хилс, во 1987-ма година, постариот брат Лајл се запишал на Универзитетот Принстон, каде играл тенис. Наводно, бил избркан од училиште заради препишување по првиот семестар, но по 2 години пак се вратил на студии и пак се откажал.
Додека имал слободна година и не студирал, тој наводно побарал од татко му пари за патување низ Европа со девојката, а кога богатиот продуцент го одбил, неговата девојка во целост ги покрила трошоците.
Лајл Менендез
Помалиот брат, Ерик, исто така бил тенисер, кој сакал да се запише на UCLА, но се откажал од плановите по убиството на родителите.
Во 1987-ма година, Ерик напишал сценарио во кое 18-годишно момче ги убива своите богати родители за пари.
Ерик Менендез
Телата на Хозе и Кити биле најдени во нивниот дом на 20-ти август, во 1989-та година, а според извештаите, нивните лица биле целосно непрепознатливи, затоа што биле застрелани со околу 15 куршуми од две пушки сачмарки.
Хозе и Кити Менендез во реалноста
По убиствата, Лајл (21) се јавил во полиција и пријавил дека тој и брат му, Ерик (18) се вратиле од кино, па ги затекнале телата на нивните родители. Властите првично поверувале на приказната на двајцата браќа.
Хозе и Кити Менендез во серијата
Со оглед на тоа што телата на Хозе и Кити биле целосно масакрирани, полицијата верувала дека тоа е дело на мафијата, или на продуцент за порно филмови кој бил во лоши односи со таткото на браќата.
Но, полицијата забележала дека браќата се однесуваат необично. Наместо да покажат тага и гнев, што е вообичаено за децата кои ги загубиле родителите, браќата почнале да се однесуваат како да освоиле лото.
Нивниот татко, Хозе имал богатство од 14 милиони долари, а браќата само за 6 месеци успеале да потрошат повеќе од 700.000 долари.
Постариот Лајл, кој во тоа време имал 21 година, се честел часовник Rolex, автомобил Porsche, нова облека и нов ресторан.
Помалиот брат Ерик, си купил нов Jeep Wrangler, платил 50.000 долари за приватен тренер по тенис и инвестирал 40.000 долари за организација на рок концерт.