Сите се згрозени од тоа што им го правел на жртвите по убиството – Кој е Џефри Дамер, серискиот убиец од новиот серијал на Netflix?
Цела деценија успешно ги криел убиствата, а сите се згрозени од она што го правел со останките на неговите жртви, кои најчесто биле хомосексуалци на возраст од 14 до 33 години. Кој е Џефри Дамер, монструозниот сериски убиец од САД од новата серија на Netflix?
Оние што сакаат да гледаат криминалистички серии веднаш побрзаа да го погледнат новиот серијал што почна да се емитува на Netflix, но важно е да се напомене дека содржината е вознемирувачка.
Серијалот Monster: The Jeffrey Dahmer Story во моментов е најгледан наслов на стриминг платформата и во една недела собрал над 196 милиони прегледи.
Серијалот е посветен на вистинската приказна за озлогласениот сериски убиец од 90-тите години од САД, Џефри Дамер, кој беше убиен во затвор во 1994-тата година.
Што знаеме за Џефри Дамер, кој бил тој и зошто светот остана згрозен од неговите убиства?
Џефри Дамер убил околу 17 лица во периодот од 1978-ма до 1991-ва година, а успешно ги криел своите злосторства повеќе од една деценија, иако неговата сосетка Гленда Кливленд ја предупредила полицијата за неговото сомнително однесување.
За озлогласениот сериски убиец се знае дека е роден во Милвоки во 1960-та година и имал сосема нормално детство, но неговите родители забележале дека е по малку летаргичен и сакал колку може повеќе да биде сам.
Во средно училиште се занимавал со музика и спортови, но самиот изјавувал дека уште на 14 години почнал да фантазира за убиства и некрофилија. По завршувањето на средното образование ѝ се приклучил на војската, од каде бил отпуштен со почести.
Се верува дека првото убиство во 1978-ма година било непланирано. Откако завршил средно образование, тој качил во автомобилот еден автостопер, му дал да пие алкохол и имал сексуален однос со него. Кога автостоперот се обидел да си замине, Џефри го удрил по главата и го задавил со тег.
„Отсекогаш знаев дека тоа не е во ред. Првото убиство не беше планирано“ – рекол Џефри во интервју од 1993-та година.