10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца

Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, може да ве научи многу работи. Па, зошто да не уживате во филмовите каде што кучињата ги имаат главните улоги?

10-filmovi-so-kuchinja-vo-koi-mozhe-da-uzhivate-so-vashite-deca-01.jpg

Кучињата се најдобриот пријател на човекот. Тие лесно се приспособуваат на семејствата и се зближуваат со децата во куќата. Поради оваа причина, и децата сакаат кучиња.

Па, веруваме дека исто толку добро би уживале во филмовите во кои кучињата имаат главни улоги.

10 филмови со кучиња кои веруваме дека ќе им се допаднат на вашите најмили:

Marley & Me (2008)

Семејство учи важни животни лекции од нивното преслатко, но непослушно и невротично куче.

101 Dalmatians (1996)

Злобна модна дизајнерка планира да украде кученца од расата далматинец, за да направи екстравагантна бунда, но наместо тоа, создава целосен хаос.

Benji (2018)

Две деца се дружат со куче по име Бенџи.

Кога ќе ги снајде опасност и ќе завршат киднапирани од разбојници, на помош доаѓаат Бенџи и неговиот помошник.

Beethoven (1992)

Бернард е симпатично куче кое станува центар на вниманието на едно семејство, но мора да се справи со ветеринарот кој краде кучиња за изведба на експерименти.

A Dog’s Purpose (2017)

Кучето ја открива смислата на сопственото постоење преку животите на луѓето што ги учи да се смеат и сакаат.

Реинкарниран како повеќе кучиња во текот на пет децении, саканото кученце развива нераскинлива врска со Итан.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg