Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогична
Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимпија, мајката на Александар, додека Колин Фарел го глуми кралот. Во реалноста, возрасната разлика меѓу актерите е едвај една година.
Ретко кој актер глуми лик на возраст колку неговата.
Постојат безброј серии и филмови каде што дури и тинејџери се глумени од актери кои имаат скоро 30 години.
Но, можеби поинтересни се возрасните разлики помеѓу актери кои глумат родители и деца во ист филм.
Неколку возрасни разлики меѓу актери кои се бесмислени:
Alexander
Во епската историска драма, Анџелина Џоли ја глуми Олимпија – мајката на Александар.
Улогата на кралот, пак, му припаѓа на Колин Фарел.
Но, за време на снимањето на филмот, Џоли имаше 29 години, додека Фарел – 28.
The Crowded Room
Во популарната серија, актерката Еми Росум ја глуми мајката на ликот на Том Холанд.
Во реалноста, таа е само девет години постара од него.
Shotgun Wedding
Во филмот од 2023-та, Џенифер Кулиџ ја глуми мајката на ликот на Џош Духамел.
За време на снимањето, Кулиџ имаше 61, а Духамел – 50 години.
Mamma Mia! Here We Go Again
Во второто продолжение на популарниот филм, мајката на ликот на Мерил Стрип ја глуми Шер.
А, возрасната разлика меѓу актерките е само четири години.
Mean Girls
Во култната комедија, Ејми Фелер е мајката на Реџина – ликот што го глуми Рејчел Мекадамс.
Додека траеше снимањето, Рејчел имаше 26 години, додека Ејми – само 32.