Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024
Секоја година, на Оскарите има меморијален сегмент со кој им се оддава почит на починатите актери и истакнати луѓе од филмската индустрија.
Скоро секојпат, на огромниот екран на сцената се прикажуваат имињата на починатите, заедно со нивни фотографии.
Годинава, организаторите потфрлија – само ги „нафрлале“ имињата на дел од починатите со минијатурни букви за што гледачите се пожалија дека не можеле ни да ги прочитаат.
https://twitter.com/jlalibs/status/1767010491707101273
Ова, пак, беше инспирација за многу мемиња на Твитер.
https://twitter.com/EBHSFilm/status/1767005908150653181
Пред да биде прогласена за победничка, Ема Стоун имаше мала незгода со фустанот кој ѝ се скина на задниот дел.
https://twitter.com/kenerqy/status/1767012541002064223
Ал Пачино, кој дефинитивно има „стаж“ за вакви церемонии, направи грешка што може да се опише како почетничка.
Актерот беше презентер во најважната категорија – најдобар филм – и заборави да ги прочита номинираните пред да го прогласи победникот.
https://twitter.com/SpencerAlthouse/status/1767014759960859102
И ова беше инспирација за многу мемиња на Твитер.
https://twitter.com/massie1903/status/1767014608609399184