Предлог филмови: Акција со силни девојки
Во последно време ме фати мала треска и почнав да гледам филмови каде женско ја носи целата акција, или целото дејствие. Не правев разлика...
...дали се зборува за хорор, љубовна приказна или акција, битно беше да се одморам од овие машки романси (како The Hangover), каде сите глумци се мажи.
За денешната компилација ќе ви предожиме три акции каде женското го носи пиштолот, наместо да е спасувана од некој силен и полугол маж.
И да, признавам дека филмовите не се нешто посебно, ама очигледно дека Холивуд само на овој начин може да ја свари идеата за силни женски улоги.
Нешто како филм со Џејсон Статам, ама наместо него ставете девојка... или жена... или девојче.
Филмот вреди само колку да се погледне преубавата Зои Салдана, која стана позната по филмот Avatar, но немавме можност да и го видиме лицето (а и телото, не е за фрлање).
Приказната е едноставна.
Младата Каталеа е очевидец на убиството на нејзините родители, пребегнува од Колумбија во Америка и има само една мисла во главата. Како да го одмазди убиството на родителите.
Приказната натака е предвидлива, иако мора да признаам дека Зои одлично се снаога во ваква брза акција.
По контекст филмот има многу сличности со култниот Leon: The Professional, но не го очекувајте истиот квалитет.
Режија: Olivier Megaton
Глума: Zoe Saldana (Каталеа) , Michael Vartan (Дени, дечкото)
Самиот факт дека Анџелина Џоли е главната жена во филмот е доволно да знаете дека оваа акција ќе ви се допадне.
Мислам дека нема утка со нејзините акциони филмови (Wanted, The Tourist, Mr. & Mrs. Smith... и се разбира Lara Croft).
Евелин Салт е агент на ЦИА и е обвинета дека е руски шпион. Опкужена со сомнежи и притисната од сите страни, Салт бега од сите користејки ги своите вештини стекнати како агент и избегнува заробеништво.
Пробувајки да си го одбрани името, влегува во чудни води и сфаќа дека ни самата не ја знае вистината околу својот идентитет.
Навистина интересен филм, нема да имате досаден момент бидејки секоја сцена е акција.
Режија: Phillip Noyce
Глума: Angelina Jolie (Салт) , Liev Schreiber (шефот на Салт)
Хана е најубавиот филм на оваа листа, затоа што ги задоволува сите критериуми. Главната глумица е девојче, приказната не е „веќе видено“ и најбитно глумата е одлична.
На моменти наликува на Bourne филмовите, па ако ви се допаднал тој серијал филмови погледнете го Хана.
Хана е тинејџерка, но не е како ниедна друга тинеџерка на светот. Нејзиниот татко, поранешен агент на ЦИА, ја воспитувал и тренирал со цел да го создаде совршениот убиец.
Растена во изолација, само со приказните за останатиот свет, решава дека е спремна да порасне, да ја изврши мисијата за која тренирала цел живот.
По патот открива работи за сопствениот идентитет. Но, дали тоа ќе ја разнежни и ќе ја отргне од мисијата? Фантастичен филм,што дури и музиката е одлична, изработена од The Chemical Brothers.
Режија: Joe Wright
Глума: Saoirse Ronan (Хана), Cate Blanchett (ЦИА агент ) and Eric Bana (Таткото на Хана)
Имате вие омилен женски акционен филм?
Подготвил: И.Т.